два (бр.) - коњ (имн.)

Една ноќ загинаа од крушевичките ливади три маски и два коња од Ќемалбег и поштук не им се најде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште во Баово ги продаде и двата коња на поп Мишевци и Цоцот, слезе во Сабоцко, појаде, попи и по десетина дена се врати назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе тргна по него, а Јован веќе ги држеше и двата коња, бидејќи од неговиот куршум падна смртно погоден Рифат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Командантот му се обрати на својот курир: - Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше тоа една компликувана завршница со два коња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Годините врвеа... Еден ден вршејќи со коњите силната работничка Славјанка, ги беше потерала двата коња посилно да трчаат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
— На два коња ќе те черечиме, ми велат мене, ко јаре на ражен ќе те вртиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
После зело паткиното, го скршило: патчето излегло и фатило да пливат во водата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами двата коња ти што имаш - те ризаат барем троа за тоарот да ти го носат? - му рекол царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете, тоа јет тој збор што му реков - оти сум к'смет на светот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А за двата коња што ме праша, ме праша за нозете дали ме ризаат; јас му кажав оти и со стапче се потпирам и одвај можам да се носам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- За секој збор сакам по сто алтани, да така ќе ви кажам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ама види вамо: тамо има многу водејнци, ти да не хојш у ќосето, оту тој ќе т' измамит, ќе ти го земит житото и не ќе ти дајт брашно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дење како бесен се разлетува низ селото и си ги бара двата коња.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кој може тоа да го погледне, а притоа тивко да не застенка?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одам кај него, а тој ми се насмевнува, како да му носам, на пример, највкусна супа – ах, сега ’ржат и двата коња; изгледа таа бучава настапила по некоја виша наредба за да го олесни овој преглед – и сега констатирам: да, младичот е болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)