два (бр.) - километар (имн.)

Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пројдов скоро два километри низ снегот...фајде нема...па нема...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се решила пешки да се искачи до Стрелеско! Има скоро два километри. Ме нашла.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
2. На два километри од подножјето на Бигла, на надморска височина од 1700 метри е влашкото село Писодерион (Псодери).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Па...“ рекол тој, и веќе биле на фармата, одвај забележувајќи дека минале речиси два километри, загледани еден во друг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)