два (бр.) - истрел (имн.)

Полицаецот почна да урла. Два истрели беа доволни за неговиот глас да се смири и тој и неговата партнерка никогаш повеќе да не прозборат. - Децааа бегајтееееееее!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зачекори во крај, во непостоење, во пресрет на два истрела и еден празен крцкот на веќе испразнетиот механизам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стрча кај машината, ја запре и еден момент потоа истрела два истрела со пиштол.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Двата истрела се слушнаа во Маказар и многу луѓе почнаа да дотрчуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)