Ако, пак, се направи споредба со одредбите од Законот за јавни претпријатија, кој се однесува и на јавните претпријатија кои стопанисуваат со шумите (чл. 2, ЗЈП), ќе се заклучи дека одредбите од ЗШ предвидуваат поедноставна процедура за отпочнување на штрајкот, додека во однос на останатите обврски кои им се наметнуваат на работниците кои штрајкуваат не постои некоја позначајна разлика помеѓу овие два закони.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
127 ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Од независноста на Република Македонија, па сѐ до денес се донесени вкупно два закони за здравствена заштита, првиот во 1991 година, а вториот во 2012 година. 134 Одредбите за штрајк во овој закон се воведени во 1993 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)