два (бр.) - дел (имн.)

На средето куќата се дели на два дела, но не со преграда, ами со една долга греда колку што е широка куќата (колку да се знае оти е разделена) спружена од едниот до другиот ѕид поземи, таа греда се вика „долното било“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во бучавиот Келн пристигнавме по течението на Рајна, која е овде уште поширока и целата испресечена со мостови, кои ги врзуваат двата дела на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун и сите солунски улици, пред сѐ, онаа што го дели градот на два дела, „Виа Егнатија“ - позната на сите наши граѓани, кои престојувале во овој град, по магазините и продавниците, - се преплавени од луѓе, а уште повеќе од коли, така што се чини, дека сиот град е огромна автострада и паркиралиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега сфатив дека тие два дела од мене си недостасувале. Долго време се барале.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Со други зборови, поимите, кои се појавувале единствено како антитетички, со текот на времето човековиот дух толку ги извежбал што на секој од нивните два дела можел да им овозможи самостојна егзистенција и, следствено на тоа, да им обезбеди сепаратен гласовен приказ.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Работите на водоводот пак, напредуваа. Присуствував заедно со инженерите кога се ставаше разделната цевка во резервоарот за двата крака што се делеа за двата дела на Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зад мене сеќавам како шумоли реката што го дели Маказар на два дела и оттаму, преку, вчера се слушаше влечење на пила и ковање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Десното рамо ѝ беше истетовирано: Златно-жолтата крива сабја грубо ја сечеше црвената роза на два дела.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не гледа, знае: пилата бавно ја двои коската на два дела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На бела чинија се наоѓаат пубични влакна, од пазу­вите и главата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со жилет ја разрежувам аортата. Во увото забивам голема шајка. Главата во должина ја сечам на два дела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Будењето имаше два дела: првиот дел беше нормалниот, кога ѕвонарот имаше сосема мирољубив однос.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Понатаму, со ЗИПРМ (1994), беше предвидена можноста регресот за годишен одмор да биде исплатен во два дела.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И зашто бев мошне малечок го нацртав човекот на два дела, таков каков што беше, и со закрпени ланталони.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Беше пред Божиќ, а јас само едно тенко штофче купив, го сошив во два дела и ништо друго. Јадосана, почнав да плачам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој ја подели нарачката на стариот на два дела, и му дозволи да се извлече уште овој пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Добар ден“, грубо рече кралот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
XXIII Мајка својот живот на Балканот го делеше на два дела, јасно обележени од балканската географија и од балканската историја: на живот минат на едната страна од границата, во родната земја, и на живот минат на друга­та страна од границата, односно во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)