Доста му намигна на Илка да се согласи и овој рече два-три збора: — Море, ами нека ти е жива, брату, лели си кандисал да си земаш беља на глава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Досега, речиси никогаш се немаше случено Мајка толку едноставно, со два-три збора, да го симне од тврдината на неговите соништа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како и секаде, и тука добро се вклопува говедцката теорија на неодреденоста: кога се гледа говедцето не се гледа говорот; кога се гледа говорот не се гледа говедцето, за што два-три збора изрече и прочуениот лекар Авицена: „Што би се видело кога никој не би бил присутен тоа да го види?“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тромаво и споро ја подигна раката за да ги повика од зад себе и само со два-три збора се разбраа како ќе се поделат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Од оваа точка на која се наоѓаа не можеа да видат ништо, требаше да се искачат малку погоре, преку бришаниот простор, поделени, од двете страни на селото, и да се сретнат повторно таму над последните куќи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Јас само сакав со два-три збора да раскажам за мојот живот. За илустрација. Не смеам ли?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дали тоа значи дека Хелвиг нема да ѝ се јави? Макар со два-три збора.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Толку паметам од песната, ама првите два-три збора се уште ги знам на унгарски!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сите се поздавуваа со домашните, некои плачеа, други изговараа два-три збора што јас никако не можев да ги дослушнам докрај, зашто ги кажуваа полугласно и брзо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Денес ќе ви кажам два-три збора за психологијата на непријателот, чисто затоа за да можете да погледнете длабоко долу, во емајлираниот слој на дното, во огледалото на вашиот бунар.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како настанала фотографијава, господару? - прашува Даркер. Margina #21 [1995] | okno.mk 89
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Со тие два-три зборови на нашиот албански јазик се поздравуваме и потоа стегна сопирачката.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Размисли, што ќе се случи кога целата суштина ќе се сведе само на обични, два-три збора.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Најсилните човечки мисли, таги и чувства на нешто што не може да се одрече, на само два-три збора кои горат.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)