Го напумпавме со морфиум и едно два-три дена не ќе биде во состојба да зборува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Попрво би кажал дека сега сонува за пластичниот Бамби со кој си играл како малечок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мајка ми остана во Будимпешта. Два-три дена по закопот на мајка ми ја средував нејзината соба.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
По патот, и првите два-три дена во Софија, дури бараа кај да се сместат, Орде Годивец, со кого Пискулиев како човек од постарата генерација немал никаков допир речиси од оној ден на крштењето, се покажа мирно и здржано момче и ги освои симпатиите на својот кум.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но овие два-три дена ни бега и ни се крие од очите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој требаше уште два-три дена да биде на домашна нега па да продолжи со работата во Архивот. Се разбира, врз сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Оваа случка беше скорешна, од последното доаѓање на Бојан во колибата, во октомври, кога два-три дена училиштето не работеше, па Бојан беше дошол да се види со деда си.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Одвај чекав да поминат тие два-три дена и пак да одам на училиште.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Потоа, настана молк. Два-три дена глас не ми чуле.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Договорите за прекин на огнот кои траеја два-три дена, за пукањето повторно да започне.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не поминаа два-три дена Во дворецот влезе една жена Во рацете држеше едно мече За малиот ПРИНЦ ќе биде таа тивко рече.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Значи, кога ќе направам попис на убавите спомени останува пакетчето, евентуално сингл плочата на Леб и сол (Среќна нова година, барем една минута, сите да запееме на планетава на на на) која ни ја дадоа со НашСвет на два-три дена пред 1990 година.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Градот крај реката, кој се сметал за еден од европските бисери, алем камен на златниот прстен, горел во текот на два-три дена.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имало тврдења дека градот бил спален во знак на одмазда поради османските опсади на Виена.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа два-три дена по погребот на Борко сама пошла на гробишта, оставајќи му само една белешка на Симона кој бил на кратко излезен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
– Од два-три дена, најмногу пет, повеќе без вода не можат да живеат, па камили да се сторат – и се вратија назад во Старавина да го чекаат дејството од денешното лукавство, оставајќи тројца од војниците да стражарат да не ја пушти некој водата по каналот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Што е најглавно, Трајко треба да најде пари да му се плати „трудот“ на владиката што го направи Петка поп. Не поминаа ни дватри дена, Трајко дојде кај Петка и му кажа дека другиден тргаат кај владиката на попење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чекавме така два-три дена, во страв да не ја погоди бомба куќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Минаа уште два-три дена. Никој да излезе од куќи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Лежеше два-три дена. Примаше лекарства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еве два-три дена како немаме во соленикот ни зрно солца - одговори мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некој пат ќе одел на пазар, тики ако му се најдеа повечко пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А таа средба беше два-три дена пред неговото заминување во нигдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Што се однесува до неговата поезија, се сложувам со она што е пишувано за неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нагло срипував... (стр. 336-338) Начинот на којшто вујко Едуар среди за татко ми да не настојува веќе... да ме остави сосема на мира...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Никогаш не го дознав...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ама ќе лежи сигурно уште два-три дена...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но поминаа два-три дена, а неа ја немаше да се врати.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
КИРО: Не мора да се брза. Нека се подготват. Нека почнат за два-три дена.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
(Собата. Сосем е празна. Во неа има само една столица и ќебе на подот. Борис седи на столицата. Небричен е два-три дена. Бос. Одвреме-навреме пие ракија. Долга пауза. Станува. Вади клуч од џебот. Ја отвора централната врата.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Бидејќи минале два-три дена, а одговор од Евангелидис немало, Орце загрижен отишол во Деде-Агач, но никаде неможел да го пронајде трговецот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И тој е некој чуден човек, како е тоа можно, кога цел свет оди во Кан во мај и сите се забавуваат, гледам јас на телевизија, само тој не знаел што да прави со слободното време.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми еднаш бил во Кан со неа, и вели дека никогаш повеќе не би одел, оти само првите два-три дена му било интересно, а потоа ужасно му било здодевно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)