- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во овој перод при ГШ на НОВ и ПО на Македонија биле присутни две британски воени мисии: Monkeywrench и Brasenose кои биле приклучени кон Првата македонско-косовска ударна бригада, а Втора македонска ударна бригада со мисијата Perseverance требало да замине за областа Кавадарци.114
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
118 Втората македонска народноослободителна бригада била формирана на 20 декември 1943 година во с. Фуштани - делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На оваа територија особено соработка ќе биде воспоставена меѓу Втората македонска народноослободителна бригада331 и британските мисии на територијата на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)