втор (бр.) - шанса (имн.)

- Не очајувај мој драг докторе. Секогаш има време за поправка и втора шанса, а сега седнувај на маса, во десет часот треба да бидеме на закажаната дружба. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А не е ни дробач. Ама... За втора шанса или спаруење по „секанд тајм“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Давањето втора шанса, има смисла. Веќе кога станува збор за трета, тогаш случајот ја губи поентата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ете, гледаш, веќе ти е дадена втора шанса, со самото тоа што си останал да живееш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дали на вистинскиот убиец му се даде втора шанса и пред да се најде откриен па новинарот, од телевизорот во чекалната кај дебелата тетка, однапред ги загуби своите изгледи? - ова не ми беше познато, како ни Смарагдната шума на соништата во која мистично заталкав...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
ДУШАВА МИ ЈА ТОПЛАТ ТИЕ ИЛЈАДА СОНЦА ВО ТВОИТЕ ОЧИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немој! Баш ти е убаво вака – „сингл“ А можеби е добра втора шанса Нема бегање од кавадарчани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)