Од балконот на вториот кат севезден го пулев езерото - сосе пливци, кајчиња и бродови.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Сивило натежнува врз прозорецот на собата 29, на вториот кат на хотелот „Бисер“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, додека се качувавме, ситните нешта го менуваа впечатокот: ѕидовите стануваа почисти, по аглите се појавија саксии со егзотични билки - родендрони, фикуси, аспарагуси; забележавме дури и мали емајлирани плукалници; од вториот кат по скалите беше послан тепих, матно засветкаа месинганите кугли на свијоците.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На првиот кат имаше уште две спални за по пет прифатени жени, додека останатите четириесетина беа сместени на вториот кат во три необично големи простории.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Од предниот дел на салонот од вториот кат, каде што вечераа со Деница, се гледаа редица силно осветлени големи куќи што беа во составот на елитната населба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„И многу би бил среќен твоите деца да протрчаат на (внимавај) вториот кат, да ми се развесели куќата“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На вториот кат, лифтот запира и со силна бучава ја отвора вратата, а пред него двајца, мислиш во клинч, не ја довршиле ноќта и активностите во неа, па сега таа „разбудена“ ќе го доработува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Долго ѝ завидував на таа прошетка, но имав привилегија, добар поглед кон прозорецот на вториот кат и едно дрво, кое ме пречека сето раскошно раззеленето и ме поздравуваше секое утро кога тешко, да не речам одвај, ги отворав очите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А син му Горан вртеше кругови околу Карпош и Капиштец и го враќаше дома како да е тоа најнормално: „Ете тато, стигнавме на викендичката“, му зборуваше качувајќи се натоварен со телевизорот во прегратки на вториот кат во станот, од кој пред пола час го беше изнесол.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На вториот кат од куќата само една соба е направена, а другите зјаат без прозорци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Онаа, распуштеницана од вториот кат, фризеркана, како му се ували на докторон... и сега ужива.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Што ми ја пее пред да заспијам: Илија море делија три села чинат давија...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го притиснува копчето за втори кат.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Според Симеонов (и Силјанов), Орце, откако го запалил долгиот фитил, избегал од бакалницата и истрчал кон вториот кат на Банката, каде што живееле директорот со своето семејство, за да го предупреди веднаш да ја напушти зградата, бидејќи таа по пет минути ќе биде дигната во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
ЧИН ПРВИ Претсобје на вториот кат на куќата на Теодос.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се искачив по скалите до вториот кат од куќата која немаше други катови над него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Заѕвонив и почекав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Стоевме пред куќата и гледавме во прозорците.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На горниот, вториот кат живеевме – шепна, како да се плаши да не ја расипе магијата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Беа високо качени, го ѕидаа вториот кат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе живеат одделно. На вториот кат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тук там по некој човек што се врти по долгата колона, дечиња од пред влезовите истрчуваа на кај колоната, молчејќи да ја следат, за на крајот, кога Геле ќе стигне пред една недоправена куќа со две црни дупки наместо влезови а со исто такви црнини на првиот и вториот кат, да прераснат во цела сурија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во еднособниот стан на Роса, инаку на втори кат свртен на кај запад, преполно со радост и луѓе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Станот на вујкото се наоѓаше на убаво место, беше весело, пријатно...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се издигаше над градините во улицата Вожиград, улицата Моблан...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Најпосле стигнуваме... Тука е! Ми го покажува својот дом, една куќичка на дното на градината... Неговата дупка на вториот кат...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тука, велам, беше големата дрвена порта, од внатре затворана со дебел лост, зад неа дворот, таму беше фурната, ваму скалите што водеа до вториот кат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
15. Драч – хотел Кристал. Од балконот на вториот кат прекрасна глетка на пристаништето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бидејќи тетка Марија ме немаше видено никогаш во животот, веднаш почна да ме распрашува за мајка ми, татко ми, сестра ми, како и за членовите на семејството од страната на татко ми, кои никогаш не ги сретнала, но чии имиња, како по некое чудо, ги знаеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Уште веднаш ќе откријам, иако предвреме, дека вечерта, кога низ затворената врата од вториот кат на "мојата" соба го слушнав гласното ’рчење на тетин ми, до некоја мера сфатив зошто спиечкиот распоред е таков каков што беше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Помошникот началник живееше на висока нога: скалите беа осветлени со фенер, станот беше на вториот кат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дури откако влегов во зградата почувствував колку сум истоштен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Меѓутоа, пред вратата на вториот кат - како да ме чекаше - стоеше дедо Коле.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се качував скала по скала. Посакував да не сретнам никој од возрасните.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Со исклучок на младиот Арап од вториот кат, којшто со мобилен во рацете на чист шпански арлаука пред зградата (на вториот кат изгледа слабо фаќа сигналот), упатувајќи ѝ љубовен поклич на својата хиспаноамериканска женка и притоа извинувајќи ѝ се за она некни.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Обични валкани задоволства што можеле да се добијат и за ситни пари таму, горе, на вториот кат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„И што сакаш да речеш“, ѝ велам, „дека некој луд се нашол да си ја клава главата в торба заради една нејасна врска која почнувала и завршувала во оние сопчиња на вториот кат!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Така го крстија оној втор кат за кого секогаш со срам си спомнувам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А знаеш каков е неговиот вообичаен настап при ваквите зделки?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар навистина сметаш дека постои некој кој би убил заради Сузи па ти сега сакаш да му се светиш?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тие си ставиле петокраки на градите а не на капите, нашите си мислеле дека се партизани, се измешале и така ја разбиле Седумнасеттата бригада.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Откако сè се расчисти, еден од нашите партизани седнал да ја чисти пушката, на долниот кат, а таа му се откачила и убил еден партизан од Куманово кој се наоѓал на вториот кат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)