чавче ср.

чавче (ср.)

Се помисли Доксим Тренчески, скина едно книже и ми завитка. Едно чавче ракиено шеќер ми завитка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш се сетив и на чавчињата мои. Ми падна жал и излегов надвор да се расплачам. 149
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Грахм... тоа ви е како јато млади чавчиња кои учат да летаат според строгите правила што ги измислила некоја стара чавка, незадоволна од третманот во колективот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Види го чавчево, како лесно си заспа! - зловолно мрмори остарената чавка, на која сонот никако не ѝ доаѓа: - Младост, лудост!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И јас некогаш бев безгрижно, бестрашно чавче, кое сакаш да го допре работ на хоризонтот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Децата, шест на број, речиси сите на иста возраст, ќе зинат и како чавчиња ќе гракаат и ќе чекаат тој нешто да им фрли в уста и откога ќе видат дека нема што да фрли, ќе папсаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)