вража

вражаат; вражајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 29563
1. Ја предвидува судбината со гледање во дланка, грав, карти и сл.
Англиски: tell fortunes Албански: hedh fall
Примери:
Чекаат некој да им вража на гравчиња.
Отиде да и вража некоја жена.
2. Лази, ползи, се влечка.
Англиски: crawl Албански: zvarrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Низ тревјето вражаат секакви бубачки.
И се стори дека по целата одаја вражаат змии.
3. Мрда, се движи.
Англиски: sneak Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето по цел ден вражаше низ дворот.
Изведенки
вражање ср.
мн. вражања
глаг. им.
Пример: Беше познат по своите вражања.