додржи

додржат; додржи, додржете; додржив, додржија, додржав, додржа, додржаа; додржел, додржал; додржен, додржан; додржев; додржеа; додржел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6836
1. Држи додека треба.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Одвај го додржа да не го пушти да падне.
2. Издржи, одржи, зачува до крај.
Англиски: bear Албански: duroj
Примери:
Срцето не можеше да го додржи стравот.
Се загледа во неа, но не додржа, та ги подзатвори очите.
3. Достои на зборот, одржи.
Англиски: keep Албански: mbaj fjalën
Примери:
Внуците и синовите ветиле клетвата да ја додржат.
4. (се додржи) Држејќи се за нешто, издржи, истрае до определен момент.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Тој се додржа за една гранка, та не падна.
5. (се додржи) Се одржи, истрае во некаква положба; издржи, истрае во нешто.
Англиски: stand Албански: qëndroj
Примери:
Одвај се додржа на нозе.
Таа се мачеше во себе како да се додржи, а да не се заврти кон него.
Изведенки
додржува несв.
додржуваат