диверзија

мн. диверзии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12224
1. Самостојна воена операција со цел да се одвлече вниманието на непријателот од главното боиште.
Англиски: diversion Албански: diversion
Употреба: Воен термин
Примери:
Со диверзијата ќе го одвлечеме вниманието на непријателот.
2. Илегална акција, саботажа на важни воени и индустриски објекти, железнички пруги и др. од страна на агенти на некоја странска земја.
Англиски: sabotage Албански: ilegalisht
Употреба: Воен термин
Примери:
Непозната група изврши диверзија на железничката станица.
3. Деструктивна постапка.
Англиски: sabotage Албански: sabotim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Постојано ги расипува состаноците, прави диверзија.