авантура

мн. авантури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3206
1. Возбудливо, необично доживување, несекојдневна случка.
Англиски: adventure Албански: aventurë
Примери:
Љубовна авантура.
Стана витез скитник и тргна по светот со своето оружје и коњот, барајќи авантури.
2. Несигурен, ризичен потфат, со непредвидливи последици.
Англиски: risk Албански: aventurë, rrezik
Примери:
Еден марш во неосвоени терени, во ваков снег навистина е авантура и самоубиство.