рецептор

мн. рецептори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 24071
1. Собирач на данок, долг и сл.
Англиски: receptor
Употреба: Економија
2. Тој што прифаќа, примач на информација, читател.
Англиски: receptor
Примери:
рецептор на текстот
Пораката од авторот доаѓа до рецепторите.
3. Тоа што има способност да прима, да впива.
Англиски: receptor
Примери:
рецептор на слузокожата во носот
Сунѓерите се рецептори на течност.
4. Телефонист на централа.
Англиски: receptor
Примери:
Рецептор во градската телефонска централа.
5. Дел од машина која прима сила од моторот постојано, непрекинливо.
Англиски: receptor
Употреба: Технологија
Примери:
дефект на рецепторот