двор

мн. дворови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 317
1. Палата во која живее владетел или веледостојник.
Англиски: palace Албански: oborr mbretëror
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Градежниот стил на европските дворови од XIX век.
2. Владетелот, неговите најблиски и дворјаните што го сочинуваат неговиот најблизок круг.
Англиски: court Албански: oborri
Примери:
На францускиот двор куртизаните играле голема улога.
3. Заграден простор околу куќа.
Англиски: courtyard Албански: oborr shtëpie
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Бев крај оградата од дворот.
Влезе во дворот од селската куќа.
Изведенки
дворче ср.
мн. дворчиња
дем. (за куќен двор)