каписла

мн. каписли
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 36546
1. Метална запалка, исполнета со експлозив што cе пали со удар, триење, по елекричен пат и сл., а служи за палење на полнење од пушка, топ, мина.
Англиски: fuse Албански: kapsollë
Употреба: Воен термин
Примери:
Ги ставаа фишеците на камен, со друг камен удираа врз капислата и така пукаа.
2. Многу мала количина експлозив во хартиена или обвивка што експлодира по механички удар (на детски пиштол играчки).
Англиски: blank cartridge Албански: kapsollë
Примери:
Пиштол со каписли.