ведне

веднат; ведни, веднете; веднев, веднеа; веднел; веднет; веднејќи; веднав, веднаа; веднал; веднат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6674
1. Витка на некоја страна, наведнува.
Англиски: bend Албански: dredh
Примери:
Двете кози од старецот ги веднеа гранките и им ги лупеа корите.
2. Спушти надолу, наведне (очи, поглед, глава).
Англиски: turn down Албански: hedhë poshtë
Примери:
Тој посрамен ја ведне главата.
Ведна поглед и излезе во претсобјето.
3. (се ведне) се витка, се наведнува
Англиски: bow Албански: përkulet
Примери:
Се веднат гранките закитени со цветови во семожни бои.
Изведенки
веднење ср.
глаг. им.