а
Вид збор: Сврзник
Ранг: 45
1.
За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени.
Англиски:
and
Под селото растат големи столетни дабови, а над селото се протега голема букова гора.
2.
За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински.
Англиски:
and
Таа не дојде, а тоа беше вистинска навреда.
3.
(а камоли) За изразување сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Тој не сакаше да се јави, а камоли да дојде.
4.
(не само ... а и) Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Англиски:
even
Не само што не сакаше да јаде таа, а и нам не ни дозволуваше да јадеме.
5.
За поврзување зборовни состави или реченици, меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен.
Не тага, а клетва во очите матни носи.
6.
(а сепак) За изразување на спротивно од очекуваното, со значење и покрај тоа што.
Многу зборуваше, а сепак не рече ништо.
7.
(а...а) За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива.
Англиски:
either
А удолу, а угоре, исто ми се фаќа.
Слично со:
или (сврз.)
8.
За нагласување на наизменично вршење на дејства, за временско сопоставување.
Англиски:
as soon
А ќе стане, а ќе почне да се лути.
Слично со:
штом (сврз.)