Уметност - категорија

реализам повеќе

(едн.) реализмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во литературата и уметноста - точно предавање на стварноста со нејзините типични црти.
Англиски: realism Албански: realizëm

реалист повеќе

мн. реалисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на реализмот во литературата и уметноста.
Англиски: realist Албански: realist
Примери:
Сега ги учиме руските реалисти.

реалистички повеќе

реалистичкиот
Вид збор: Придавка
Заснован врз принципите на реализмот во литературата и уметноста.
Англиски: realistic
Примери:
Реалистички правец во уметноста.

ремек-дело повеќе

мн. ремек-дела
Вид збор: Именка, среден род
Мајсторско дело, образец, совршено дело со голема вредност.
Англиски: masterpiece Албански: kryevepër

репродуктивен повеќе

репродуктивна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на репродукција.
Албански: reproproduktiv
Примери:
Репродуктивна уметност.

репродуктивец повеќе

мн. репродуктивци
Вид збор: Именка, машки род
Репродуктивен уметник, оној што работа на репродукција.
Албански: reproduktues

репродукција повеќе

мн. репродукции
Вид збор: Именка, женски род
Изведба на туѓо, особено музичко, дело.
Англиски: reproduction Албански: reproduksion, riprodhim

реставрација повеќе

реставрацијата
Вид збор: Именка, женски род
Обновување во првобитниот вид на уметнички предмети, споменици на културата и сл.
Англиски: restoration Албански: restasurim

рецес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
заостанат долг

розетка повеќе

Види и: розета (ж.)
мн. розетки
Вид збор: Именка, женски род
Уметнички украс, орнамент во вид на ружа.
Англиски: rosette Француски: rosette Албански: rozetë

романски повеќе

романскиот
Вид збор: Придавка
Кој никнал врз основа на староримската култура; сврзан со таа култура.
Англиски: romanic Албански: rumune

романтизам повеќе

(едн.) романтизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во литературата и уметноста во почетокот на 19 век.
Англиски: romanticism Албански: romantizëm
Примери:
Романтизмот на Бајрон.

романтичар повеќе

мн. романтичари
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на романтизмот.
Англиски: romanticist Албански: romantik
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц