Литература - категорија

идила повеќе

мн. идили
Вид збор: Именка, женски род
Поетска творба што го опишува мирниот, спокоен живот на луѓето, животот исполнет со задоволства што ги дава природата, недопрена од цивилизацијата, пасторалниот живот.
Англиски: idyll Албански: idilë

инсценација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Преработка и приспособување на прозно дело за изведба на сцена.
Англиски: staging Албански: insenacion

интрига повеќе

мн. интриги
Вид збор: Именка, женски род
Во литературно, во драмско или во филмско дело - заплет на дејството.
Англиски: intrigue Албански: intrigë

иронија повеќе

(едн.) иронијата
Вид збор: Именка, женски род
Стилска фигура со која се исмејува некој или нешто во форма на привидна согласност или пофалба.
Англиски: irony Албански: ironi
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч