Информатика - категорија

печатач повеќе

мн. печатачи
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за печатење, компјутерска периферија.
Англиски: printer Албански: printer

пин повеќе

мн. пинови
Вид збор: Именка, машки род
Таен, личен код за идентификација на корисникот или вршење зделки по електронски пат.
Англиски: PIN

појас повеќе

мн. појаси
Вид збор: Именка, машки род
Канал за трансмисија на податоци.
Англиски: band width Албански: bandë, brez, shirit

поле повеќе

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Дел од табела со графички, статистички прикажани пресметувања или издвоен дел од пишан текст.
Англиски: field Албански: fushë

порт повеќе

мн. портови
Вид збор: Именка, машки род
Интерфејс меѓу компутерот и други компјутери или екстерни приклучоци.
Англиски: port Албански: port

портал повеќе

мн. портали
Вид збор: Именка, машки род
Главна страница за интернет корисници.
Англиски: portal Албански: portal

посети повеќе

посетат
Вид збор: Глагол, свршен
Пребара, види на интернет некаква содржина.
Англиски: visit Албански: vizitoj

пост повеќе

мн. пости
Вид збор: Именка, машки род
Текст објавен на интернет.
Англиски: post

правовремен повеќе

правовремениот
Вид збор: Придавка
Што се случува во право време.
Англиски: real-time

пребарувач повеќе

мн. пребарувачи
Вид збор: Именка, машки род
Програм што служи за пребарување на информации на интернет.
Англиски: search engine

прегледувач повеќе

мн. прегледувачи
Вид збор: Именка, машки род
Компјутерски програм за прикажување на веб-страници.
Англиски: browser

преземе повеќе

преземат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне, прими, прифати програм или датотека од компјутер.
Англиски: download

приклучок повеќе

мн. приклучоци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа со што се приклучува, поврзува нешто, што служи за приклучување кон нешто.
Англиски: connector Албански: konektor, lidhës

принтер повеќе

мн. принтери
Вид збор: Именка, машки род
Компјутерски апарат за печатење.
Англиски: printer Албански: printer

програма повеќе

мн. програми
Вид збор: Именка, женски род
Упатства на компјутерот за извршување определени операции.
Англиски: program

програмер повеќе

мн. програмери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што изработува програми за компјутер.
Англиски: programmer Албански: programer, programues

програмира повеќе

програмираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави програма.
Англиски: program Албански: programira
Изработи, изработува компјутерска програма.
Англиски: program Албански: programoj

протокол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Процедури или систем од правила за комуникација во компјутерска мрежа.
Англиски: protocol Албански: protokol

профил повеќе

мн. профили
Вид збор: Именка, машки род
Кориснички информации на социјалните мрежи.
Англиски: profile

процесор повеќе

мн. процесори
Вид збор: Именка, машки род
Централна процесна единица кај компјутерите.
Англиски: processor Албански: procesor
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш