Ботаника - категорија

лаванда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Растение со cитни ливчиња и ситни мирисливи синовиолетови цветови.
Латински: Lavandula ѕрiса Англиски: lavender Турски: lavanta Албански: livando

лавор повеќе

мн. лаври
Вид збор: Именка, машки род
Вечно зелено дрво со мирисливи листови што се употребуваат како зачин.
Латински: Laurus nobilis Англиски: laurel Албански: dafinë

лазарче повеќе

мн. лазарчиња
Вид збор: Именка, среден род
Растение што лази, што cе прикрепува за друго растение или за тврда подлога.
Англиски: creeper Албански: bimë kacavjerrëse

лајкучка повеќе

мн. лајкучки
Вид збор: Именка, женски род
боливач, камилица
Англиски: camomile Албански: kamomilë, luleqeni

лакмус повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
вид лишај
Латински: Roccella tinctoria Англиски: lichen Албански: liken

ластар повеќе

мн. ластари
Вид збор: Именка, машки род
Млада гранка на винова лоза.
Англиски: grapevine shoot Албански: lastar, njomëz
Младо растение.
Англиски: young plant Албански: njomëz

ластари повеќе

ластарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта ластари.

ластунка повеќе

мн. ластунки
Вид збор: Именка, женски род
Издолжено стебло на растение што лази (лубеница, диња, тиква).
Англиски: creeper Албански: lastar

латинче повеќе

мн. латинчиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид декоративно растение, со жолти крупни цветови и широки листови.
Латински: Tropaeolum majus Англиски: indian cress Албански: lloj lule, purqark

леандер повеќе

Види и: олеандер (м.)
мн. леандри
Вид збор: Именка, машки род
олеандер
Латински: Herium oleander Англиски: oleander Албански: landër

леденка повеќе

мн. леденки
Вид збор: Именка, женски род
Вид печурка со широка бела капа.
Латински: Oudemansiella mucida Англиски: porcelain fungus

лејка повеќе

мн. лејки
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение од семејството тикви со плод во форма на круша.
Латински: Lagenaria vulgaris Англиски: calabash Албански: pëcerkë, pagur

лен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно тревно растение што се преработува за добивање на суровина во текстилната индустрија и со семе богато со масло.
Латински: Linum usitatissimum Англиски: flax Албански: li

лепавец повеќе

мн. лепавци
Вид збор: Именка, машки род
Вид трева со форма на житен клас што се лепи за облека.
Латински: alopecurus agrestis Англиски: black-grass Албански: lloj bari, bishtdhelpër

лепка повеќе

Види и: лепавец (м.)
мн. лепки
Вид збор: Именка, женски род
лепавец
Англиски: black-grass Албански: lloj bari, bishtdhelpër

лепкавец повеќе

Види и: лепавец (м.)
мн. лепкавци
Вид збор: Именка, машки род
лепавец
Албански: lloj bari, bishtdhelpër

леска повеќе

мн. лески
Вид збор: Именка, женски род
Шумско овошно растение што расте како ниско дрво или разгранета грмушка со големи, елиптични листови, цветови во вид на реси и мали, јајчести или овални плодови со тврда кафеава лушпа.
Латински: Corylus avellana Англиски: hazel

лескарник повеќе

Види и: лесник (м.)
мн. лескарници
Вид збор: Именка, машки род
Место со лески.
Албански: vendi për lajthi

лесков повеќе

лесковиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што е направен од леска; што се однесува на леска.
Англиски: hazel Албански: lajthie

летница повеќе

мн. летници
Вид збор: Именка, женски род
Вид круша што зрее во лето.
Англиски: pear Албански: dardhë vere

леќа повеќе

мн. леќи
Вид збор: Именка, женски род
Bид градинарско растение со зрнест плод во мешунка.
Латински: Ervum lens Англиски: lentil Албански: thjerrëz

лешка повеќе

Види и: лешник (м.)
мн. лешки
Вид збор: Именка, женски род
лешник
Англиски: hazelnut Албански: lajthi

лешканик повеќе

Види и: лескарник (м.)
мн. лешканици
Вид збор: Именка, машки род
лескарник
Албански: vend për lajthi

лешник повеќе

мн. лешници
Вид збор: Именка, машки род
Плод од леска.
Англиски: hazelnut Албански: lajthi

лештан повеќе

Види и: лешник (м.)
мн. лештани
Вид збор: Именка, машки род
лешник
Англиски: hazelnut Албански: lajthi

лештарник повеќе

Види и: лескарник (м.)
мн. лештарници
Вид збор: Именка, машки род
лескарник
Албански: vendi për lajthi

ливадарка повеќе

мн. ливадарки
Вид збор: Именка, женски род
вид печурка
Латински: Marasmius oreades Англиски: scotch bonnet Албански: lloj këpurdhe

лијани повеќе

Вид збор: Именка, множина
Зелјести и дрвенести билки, со долго и тенко стебло со кое се виткаат, свиваат околу други растенија.
Латински: liane Англиски: liane Албански: liane

лика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кончест, жилест слој меѓу стеблото и кората на некои дрвја.
Албански: rafia

лико повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Кончест, жилест слој меѓу стеблото и кората на некои дрвја што се користи како материјал за плетење и врзување.
Англиски: bast, raffia Албански: rafia

лилија повеќе

мн. лилии
Вид збор: Именка, женски род
крин
Англиски: lily Албански: zambak

лилјан повеќе

мн. лилјани
Вид збор: Именка, машки род
крин
Латински: Lilium Англиски: lily Албански: zambak

лимета повеќе

мн. лимети
Вид збор: Именка, женски род
Цитрусово дрво и овошје со зелени плодови, слични на лимон.
Латински: Citrus aurantifolia Англиски: lime

лимон повеќе

мн. лимони
Вид збор: Именка, машки род
Средоземно дрво со месести листови и јајчести светложолти плодови.
Латински: Citrus limon Англиски: lemon Албански: limon

лимониче повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
маточина, матичина
Албански: balsam

лимфа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Воден сок во растенијата.
Англиски: sap Албански: limfë

липа повеќе

мн. липи
Вид збор: Именка, женски род
Листопадно широколисно дрво, чиишто мирисливи жолти цветови cе употребуваат за чај, а корисни се и за пчеларството.
Латински: Tilia platyphyllos Англиски: lime Албански: bli

липак повеќе

мн. липаци
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со липи, липова гора, шума.
Англиски: lime forest Албански: pyll me bli

липов повеќе

Види и: липа (ж.)
липовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на липа.
Англиски: lime Албански: bliri

лисичарка повеќе

мн. лисичарка
Вид збор: Именка, женски род
Вид габа погодна за исхрана.
Латински: Cantharellus cibarins Англиски: chanterelle Албански: lloj këpurdhe

лисичина повеќе

мн. лисичини
Вид збор: Именка, женски род
Вид грозје со жолта или црвеникава боја.
Англиски: grape Албански: lloj rrushi

лиска повеќе

мн. лиски
Вид збор: Именка, женски род
Плоснатиот, проширениот дел на листот.
Латински: lamina Албански: fletë, gjeth
Еден лист од цвет или билка.
Англиски: petal Албански: petal

лиснат повеќе

лиснати
Вид збор: Придавка
Што има пуштено листови; разлистен.
Албански: gjethor

лисне повеќе

ласнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти, развие листови.
Албански: gjethohet

лист повеќе

мн. листови
Вид збор: Именка, машки род
Орган на растенијата што служи за дишење и фотосинтеза (обично плоскат и зелен).
Англиски: leaf Српски: лист Албански: gjeth Бугарски: лист

листеж повеќе

мн. листежи
Вид збор: Именка, машки род
листење
Англиски: foliage Албански: gjethnajë

листи повеќе

листат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта, развива листови, разлистува.
Англиски: leaf Албански: gjethon

листопаден повеќе

листопадниот
Вид збор: Придавка
За дрва и грмушки - на кои им паѓаат лисјето.
Англиски: deciduous

лит повеќе

литиот
Вид збор: Придавка
За цвеќе што има ретки ливчиња на цветот.
Албански: i rrallë

личи повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Азиска цреша, потекнува од југозападна Азија и јужниот дел на Кина.
Латински: Litchi chinensis Англиски: lychee

лиша повеќе

Види и: лишај (м.)
мн. лиши
Вид збор: Именка, женски род
лишај
Англиски: lichen

лишав повеќе

лишавиот
Вид збор: Придавка
Што е обраснато со лишај.
Албански: urthe, likene

лишај повеќе

мн. лишаи
Вид збор: Именка, машки род
Нижо растение кое расне, се шири по камења, дрва и друго, обично со форма на лушпи или влакна.
Латински: Lichenes Англиски: lichen Албански: liken

лобода повеќе

мн. лободи
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишна билка со бледозелени заострени листови.
Латински: Atriplex Англиски: saltbush Албански: labot

ловор повеќе

Види и: лавор (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дрво со ароматични листови што се употребуваат како зачин.
Латински: Laurus nobilis Англиски: laurel Српски: ловор Албански: dafinë

ловорики повеќе

Вид збор: Именка, множина
Венец од ловор, што се дава на победници.
Англиски: laurel wreath Српски: ловорике Албански: kurorë dafine

ловоров повеќе

Види и: ловор (м.)
ловоровиот
Вид збор: Придавка
Што е од ловор.
Српски: ловоров Албански: dafine

лоза повеќе

мн. лози
Вид збор: Именка, женски род
Повеќегодишно дрвенесто растение што дава зрнести плодови - грозје.
Латински: Vitis vinifera Англиски: vine Албански: hardhi

лозанка повеќе

мн. лозанки
Вид збор: Именка, женски род
лоза
Англиски: vine Албански: hardhi
Ластар од винова лоза.
Англиски: tendril Албански: filiz, dredhë

лозина повеќе

Види и: ластунка (ж.)
мн. лозини
Вид збор: Именка, женски род
ластунка

лозинка повеќе

мн. лозинки
Вид збор: Именка, женски род
Лозова прачка.
Англиски: tendril Албански: lozë, dru hardhie

лозница повеќе

мн. лозници
Вид збор: Именка, женски род
Винова лоза што се вие на леса и друго.
Англиски: grape-vine Албански: pjergull

лозов повеќе

лозовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лоза, што е од лоза.
Англиски: vine Албански: hardhie

локвањ повеќе

мн. локвањи
Вид збор: Именка, машки род
водна лилија
Латински: aqua lilium Англиски: water lily Српски: локвањ

лопув повеќе

мн. лопуви
Вид збор: Именка, машки род
Bид даб со големи лисја.
Латински: Quercus conferta Англиски: oak Албански: shpardh
Билки со големи и широки листови што растат на влажни места.
Латински: Petasites hibridus Англиски: Common Butterbur Албански: lëpusha

лотос повеќе

мн. лотоси
Вид збор: Именка, машки род
Водно растение со големи бели цветови, што расте во водите на топлите краишта.
Латински: Nymphaea lotus Англиски: lotus Албански: lotus, zambak uji

лотосов повеќе

лотосовиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на лотос.

лубеница повеќе

мн. лубеници
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение со големи тркалезни плодови; обично со зелена кора и слатко, сочно, црвено или жолто месо.
Латински: Citrultus vulgaris Англиски: water melon Албански: shalqi

лук повеќе

(едн.) лукот
Вид збор: Именка, машки род
Зеленчуково раcтение со подземно стебло во облик на главица од чешниња и зелени перца над земјата.
Латински: Аllium sativum Англиски: garlic Албански: hudhër

луков повеќе

Види и: лук (м.)
луковиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лук.
Албански: hudhëre

луковица повеќе

мн. луковици
Вид збор: Именка, женски род
Кратко подземно стебло на лук, кромид, лале, зумбул, главица со резерви на храна и вода.
Англиски: flower bulb Албански: kokërr, zhardhok

лутиче повеќе

мн. лутичиња
Вид збор: Именка, женски род
Билка со златножолт цвет што расне по влажни места, ливади и пасишта.
Латински: Ranunculus Англиски: Persian buttercup Албански: zhabinë

луфа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение кое многу потсетува на сунѓер, растителен сунѓер или сунѓереста тиква, служи за капење, миење садови и како индустриско влакно.
Латински: Luffa Англиски: lufah Албански: shpuzë trungulli

луцерка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Повеќегодишна мешунка во вид на детелина со многу подвидови, којашто се сее и коси како сточна храна.
Латински: Medicago sativa Англиски: Alfalfa Албански: jonxhë

луцерков повеќе

Види и: луцерка (ж.)
луцерковиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на луцерка.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш