Барај
Прелистувај
Граматика Глагол (13832) Сврзник (85) Суфикс (8) Именка (27531) Честичка (88) Модален збор (21) Сложенка (47) Прилог (1786) Извик (203) Предлог (72) Префикс (154) Придавка (11166) Скратеница (51) Број (140) Име (277) Заменка (103) Вкупно: 55564
Јазици tr (2072) bg (236) sr (438) de (448) al (15759) gr (91) fr (281)
Категории Преносно значење (3862) Разговорно (2716) Медицина (1910) Дијалектен збор (1729) Архаизам (1572) Економија (1480) Ботаника (1231) Гастрономија (1162) Зоологија (1008) Деминутив (765) Географија (752) Земјоделство (711) Архитектура и градба (684) Музика и танц (647) Историја (638) Правда (636) Технологија (607) Политика (595) Книжевен збор (569) Религија (564) Воен термин (559) Спорт (530) Црковен термин (501) Лингвистика (448) Хемија (420) Образование (391) Анатомија (389) Административен термин (389) Физика (360) Ретко (357) Математика (353) (284) (284) Литература (273) Граматика (258) Неменлив збор (256) Транспорт (239) Пејоратив (225) Информатика (207) Сцена (186) Филозофија (180) Геологија (176) Поетски збор (168) Биологија (164) Екологија (160) Дипломатија (159) Безлично (157) Хипокористика (152) Иронично (137) Ликовна уметност (129) Астрономија (117) Туризам (111) Нестандарден збор (111) Груб збор (94) Уметност (89) Вулгарно (74) Аугментатив (66) Општество (59) Митологија (53) Наука (37) Минералогија (30) Жаргонски збор (28) Народно (26) Пословнично (14) Религија и Филозофија (9) Фолклор (9)

а

Вид збор: Сврзник
Ранг: 45
1. За поврзување зборовни состави и реченици што се содржински сопоставени.
Англиски: and
Примери:
Под селото растат големи столетни дабови, а над селото се протега голема букова гора.
2. За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински.
Англиски: and
Примери:
Таа не дојде, а тоа беше вистинска навреда.
3. (а камоли) За изразување сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Примери:
Тој не сакаше да се јави, а камоли да дојде.
4. (не само ... а и) Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Англиски: even
Примери:
Не само што не сакаше да јаде таа, а и нам не ни дозволуваше да јадеме.
5. За поврзување зборовни состави или реченици, меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен.
Примери:
Не тага, а клетва во очите матни носи.
6. (а сепак) За изразување на спротивно од очекуваното, со значење и покрај тоа што.
Примери:
Многу зборуваше, а сепак не рече ништо.
7. (а...а) За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен (дисјунктивен) сврзник, како алтернатива.
Англиски: either
Примери:
А удолу, а угоре, исто ми се фаќа.
8. За нагласување на наизменично вршење на дејства, за временско сопоставување.
Англиски: as soon
Примери:
А ќе стане, а ќе почне да се лути.