јасли

Вид збор: Именка, множина
Ранг: 7622
1. Направа во форма на долго корито прицврстено до ѕид, во кое се става добиточна храна.
Англиски: crib Албански: grazhd
Примери:
Тој стави сено во јаслите.
2. Воспитна установа слична на детска градинка, наменета за деца до три години.
Англиски: crèche Албански: çerdhe
Примери:
Пред да оди на работа, таа го носи детето во јасли.
Изрази
На државни јасли - државна служба, сигурна работа.