старост

(едн.) староста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2254
1. Период на животот по зрелата возраст.
Англиски: old-age Албански: pleqëri
Примери:
Сите дочекаа старост.
(разг.) Длабока старост.
На старост.
Поради старост.
Старост - грдост.
Старост - нерадост.
2. Особина на стар човек.
Англиски: old-age Албански: pleqëri
Примери:
Уште како дете ја запозна староста.
3. ветвост, износеност
Албански: e vjetër
Примери:
Староста на куќата, на облеката.
Изрази
(посл.) Дојде ли старост, и присмев дојде.
(посл.) Збирај на младост, да имаш на старост.