преден

предни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2237
Што се наоѓа пред некого или пред нешто, што е пред другите, што е од челната страна, што е напред.
Англиски: frontal
Примери:
Предниот дел од возилото удрил во железничката пруга.
преден влез, предна врата, предна соба
предна корица
предни заби, предни нозе
предни редови, преден одред
Изрази
На преден план - тоа што е основно, важно.