кречетало

мн. кречетала
Вид збор: Именка, среден род
1. Штичка што се удира во воденичкиот камен и лесно го ниша кошот на него, при што паѓаат зрната меѓу камењата и се мелат.
Албански: rrum
2. Детска играчка што дава звук сличен на воденичката штичка.
Англиски: ratchet Албански: rrum, rrakataçe
Примери:
Децата си играа со кречетала.
3. Тој што многу зборува.
Англиски: chatterbox Албански: fjalaman, llafazan
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Чаршиски кречетала.