клучка

мн. клучки
Вид збор: Именка, женски род
1. Јазол, начин на врзување.
Англиски: knot Албански: nyje
Примери:
Ортомата се врзува за некоја греда или гранка и на долниот крај се прави клучка.
Врзулецот од шалот правеше голема клучка токму под брадата.
2. Голема раскрсница на едно или на повеќе нивоа.
Англиски: loop, crossroad Албански: lak, qarkore
Употреба: Транспорт
Примери:
На клучката се врти лево.