калибар

мн. калибри
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 18127
1. Внатрешниот пречник на цевка од огнено оружје (пиштол, пушка).
Англиски: caliber Албански: kalibër
Употреба: Воен термин
2. Пречник на куршум или граната.
Англиски: caliber Албански: kalibër
Употреба: Воен термин
Примери:
Најдовме еден сандак со муниција, којзнае од кој калибар.
3. Инструмент за мерење на пречникот на цевката на огнено оружје или на друг предмет; инструмент за проверка на големината и формата на даден предмет.
Албански: kalibër
Употреба: Технологија
4. вредност, квалитет, ранг, класа
Англиски: caliber Албански: kalibër, kualitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Меѓу себе бевме познати како јунаци од голем калибар.