зев

мн. зевови
Вид збор: Именка, машки род
1. Рефлексен грч на виличните мускули проследен со широко отворање на устата.
Англиски: yawn Албански: hapje goje
2. Слободен проток на воздухот при непосреден премин од изговорот на една самогласка кон друга во зборот или на составот на зборовите.
Албански: gogësitje
Употреба: Лингвистика
Примери:
Два збора не се изговараат споено, туку така да се почувствува зев.
3. отвор, процеп
Англиски: crack Албански: hapje, plasaritje
Примери:
Зевот меѓу прозорецот се прошируваше.
Низ зевот имаше силен провев.
4. Простор меѓу нишките на основата каде што се провлекува совалката при ткаење (кај разбој).
Албански: hapje, çelje