жезол

мн. жезли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 58015
Специјално изработен и украсен стап како симбол на владетелско или некое друго достоинство.
Англиски: scepter
Примери:
Царски жезол.
Црковните великодостојници имаат жезли.
Изведенки
жезло ср.
Пример: Добитници на наградата „Книжевно жезло“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.