дроб

мн. дробови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4281
1. Внатрешен орган кај човекот или кај животно.
Англиски: lung Српски: јетра Албански: mushkëri Бугарски: дроб
Употреба: Анатомија
2. Заеднички назив за црниот дроб и белите дробови кога се приготвуваат како јадење.
Англиски: liver Албански: mëlçi
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ќе му се најадам од дробовите.
Ги испржи набрзина дробовите.
Изрази
Бел дроб, (обично во мн.) бели дробови - два дела од еден орган, сместени симетрично во градната шуплина/празнина, дел од системот за дишење.
Црн дроб - орган сместен во горниот десен дел од утробата што служи за пречистување на крвта.
Изведенки
дропче ср.
мн. дропчиња
дем.