бечви

Вид збор: Именка, множина
Ранг: 7863
Дел од машката носија, шајачни панталони со посебен крој.
Англиски: trouser
Примери:
износени бечви
бели бечви со црни гајтани
две рала бечви
волнени бечви
Изведенки
1. бечвиња само мн.
дем.
2. бечвишта само мн.
ауг.