триаголник

мн. триаголници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7212
1. Тристрана геометриска слика.
Англиски: triangle Албански: trekëndësh
Употреба: Математика
2. Посебна направа во вид на триаголник - за цртање.
Англиски: triangle Албански: trekëndësh
3. Сообраќаен знак како предупредување дека возилото е запрено.
Англиски: triangle
Употреба: Транспорт
Изрази
Љубовен (брачен) триаголник - љубовна врска на еден од брачните партнери со друго лице.