лак

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3607
1. Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки.
Англиски: bow Албански: hark
Употреба: Математика
Примери:
Лакот на арката е премногу ниско поставен.
На небото се појави шарениот лак на виножитото.
2. свод
Англиски: ceiling Албански: qemer
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба
Примери:
лакот на мостот
3. Едноставно ловечко и воено оружје од кое се исфрлаат стрели.
Англиски: bow Албански: qemer
Примери:
Нападот се извршил со лак.
4. Спортски реквизит за гаѓање со стрела.
Англиски: bow Албански: qemer
Употреба: Спорт
Примери:
Тој победи во натпреварот во стрелање со лак и стрела.
5. Знак за поврзување тонови.
Употреба: Музика и танц
Примери:
Со лак се продолжува траењето на нотите.
6. Течна, густа материја во различни бои, добиена од природна или вештачка смола, што се мачка на предметите во тенок слој, им дава сјај и ги заштитува.
Англиски: varnish Албански: llakoj
Употреба: Хемија
Примери:
Лак за дрво.
7. Декоративно козметичко средcтво.
Англиски: polish Албански: manikyr
Примери:
Лакот не ѝ одговара на облеката.
лак за коса
8. Bид сјајна и фина кожа за изработка на чевли, чанти и сл.
Англиски: lacquer Албански: llakoj