бачило

мн. бачила
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 10113
1. Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи.
Англиски: pen Албански: bulmetore
Употреба: Земјоделство
Примери:
Чорбаџите се групираат по четворица и прават едно бачило.
Имал стадо на бачило.
2. бачување
Албански: bulmetore
Употреба: Земјоделство
Примери:
По Гурѓовден, иде бачило, Свети Никола летни, кога се креваат овците в планина.