сонце

мн. сонца
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 226
1. Небесно тело што испушта светлина и топлина.
Латински: solis Англиски: sun Српски: сунце Албански: diell Бугарски: слънце Грчки: ήλιος
Употреба: Астрономија
Примери:
Земјата се врти околу Сонцето.
Затемнување на Сонцето.
(разг.) Заод на Сонцето (зајдисонце).
Изгрев на Сонцето.
2. Светлината и топлината на тоа тело.
Англиски: sunlight Албански: diell
Примери:
Се грее на сонце.
Се пече на сонце како гуштер.
3. Нешто многу мило.
Англиски: dear Албански: dritë, i dashur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето, сонцето мое.
Изрази
Ме (те, го, ...) фати сонцето - ми потемне кожата од сонце.
Сонце со заби - зимско сонце.