барометар

мн. барометри
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 30426
1. Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина.
Англиски: barometer Албански: barometër
Употреба: Физика
2. Тоа што служи за проценување на некоја ситуација како показател.
Англиски: indicator Албански: barometër, indikator
Употреба: Преносно значење
Примери:
Анкетите се барометар на јавното мислење.
Пулсот е најдобар барометар за способноста на организмот.
Изведенки
барометарски прид.
барометарскиот
Пример: Барометарска скала.